Завршена третина од делницата, досега инвестирани 46 милиони евра

Bez autora
Jan 27 2014

Третина од градежните активности на автопатската делница од Демир Капија до Смоквица се веќе завршени и веќе се инвестирани 46 милиони евра. Ова го изјави премиерот Никола Груевски кој придружуван од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски во саботата се запозна со текот на градежните активности на делницата долга 28 километри. Активностите се одвиваат според утврдената динамика и изградбата на новата автопатска делница на Коридорот 10 ќе заврши за две години. Досега се пробиени 95%од трасата, значаен дел е веќе тампониран, а мал дел веќе и се асфалтира. Почнува работењето и на мостовите, со што околу една третина од работите се веќе извршени, изјави Груевски.

Завршена третина од делницата, досега инвестирани 46 милиони евраТретина од градежните активности на автопатската делница од Демир Капија до Смоквица се веќе завршени и веќе се инвестирани 46 милиони евра.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски кој придружуван од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски во саботата се запозна со текот на градежните активности на делницата долга 28 километри.

- Активностите се одвиваат според утврдената динамика и изградбата на новата автопатска делница на Коридорот 10 ќе заврши за две години. Досега се пробиени 95%од трасата, значаен дел е веќе тампониран, а мал дел веќе и се асфалтира. Почнува работењето и на мостовите, со што околу една третина од работите се веќе извршени - изјави Груевски.

Во разговор со ангажираните работници на терен од изведувачот - грчката компанија Актор", Груевски посочи дека се информирал оти не се соочуваат со некои непредвидени проблеми од поголем карактер.

- Нема доцнења и задоволни сме од тоа како тече работата, а можам да кажам дека и ние како Влада сме задоволни, бидејќи работите досега одат согласно планираното и автопатот треба да биде завршен до 2016 година - изјави Груевски. Оваа делница е планирана да чини 210 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik